Најзагрозени се вработените во домовите, најсигурни продавниците
Европскиот центар за превенција и контрола на болести анализирал појавување на кластери, односно група на заразени во разни работни опкружувања и утврдил дека најголем ризик од заразување со коронавирусот имаат вработените во домовите за стари и немоќни луѓе, а потоа и здравствените работници во болниците, пишува загрепскиот Вечерни лист.
Анализата го опфатила периодот од март до јули и иако се побарани податоци од 30 држави на ЕУ, Еврозоната и Обединетото Кралство, своите бројки, често непотполнети или без диференција, ги доставиле само 17 држави, меѓу кои е и Хрватска.
Вкупно се пријавени 1,377 кластери во работно опкружување, најмногу во здравството и социјалните служби. Но, не се работи за компактна целина: најмногу на удар се вработените во домовите за стари лица (591 кластер) и тие во болниците, додека најсигурни се работниците во примарната здравствена заштита со минимална појава на болеста.
На второ место од работните опкружувања се погоните за преработка и пакување на храна, како што се кланиците, земјоделските работи, како берење на овошје и фабриките.
Меѓутоа, се додава дека во текот на пролетните месеци работата на образовниот и угостителскиот сектор била ограничена.
Дури 95 % од заболените се од затворен простор, што само по себе претставува проблем бидејќи повеќе од 80 % од работите се извршуваат во затворено.
Голема појава на болеста е забележана во слабо платените професии и особено е опасно за ширење на заразата затоа што многу поради страв од губење на работата продолжуваат да одат на работа со симптоми, пишува Вечерни лист.

