МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кочовски: Законот за работни односи е обликуван од елитите за да им служи за бизнис интереси

   Време за читање 3 минути
Либерализацијата на пазарот на трудот не само што не донесе надградба на социјалистичкиот систем, туку и ги намали постепено правата на работниците во текот на минатите триесетина години!
Секако, тоа намалување не се случуваше драстично и приметливо, бидејќи тоа ќе допринесеше до какви такви реакции и побуни од страна на самите работници, туку целиот процес беше спроведен на крајно тактички начин без да се крене прашина за оваа проблематика.
 
Синдикатите останаа неми на овој тек на настаните и од најголемиот пријател на работниците прераснаа во најголем подржувач на работодавачите, секако, не дирекно, туку преку нивната пасивност при решавањето на проблемите и нивните заложби.
 
Нивното место фиктивно го заземаа ликови од Ен Џи О секторот ( невладини организации ) кои што единствено создаваат илузии на некаква борба, додека во реалноста постојат за замајување на работникот и неговите проблеми. Да не бидам сфатен пигрешно, можеби некогаш тие и дале некаква СОВЕТОДАВНА помош, но никогаш нешто конкретно, никогаш ПРАВНА помош, никогаш ЗАСТАПУВАЊЕ во судска постапка, никогаш нешто кое што ќе го подобри статусот на работникот и би ги решило неговите проблеми. Да не се лажеме, единствениот мотив на овие организации е дефокусирање од вистинските приблеми на работниците и трошење на финансиите кои што ги добиваат од страна на истите тие лица кои што ги намалуваат правата на работниците, секако, како награда за нивната послушност.
 
Од друга страна, Законот за работните односи, закон кој што е општ закон кога говориме за оваа област, се повеќе е обликуван од страна на елитите за да бидат озаконети нивните побарувања, додека обврските кон работниците се намалуваа со секоја измена која што беше направена. Да биде болката поголема, со цел да биде отежната заштитата на работникот, самиот Закон за работните односи е направен толку конфузно, толку неподредено, што остава простор за многу сомнежи за намерите на оној кој што го создал. Разните законски одредби кои што нудат заштита на рабптникот се “раштркани” низ целиот закон, упатувајќи од еден член на друг, правејќи потрагата по правда да биде отежната.
 
Можете да не се согласувате со мене, но, либерализацијата воопшто не го подобри стандардот на работникот, дотолку повеќе, енормно го намали. Жално е тоа што тој тренд не планира да престане и оди во насока на уште поголеми намалувања на правата на работниците, а зголемување на привилегиите на работодавачите.
Доколку се прашувам јас, реформирањето на оваа област нема да вроди со никаков плод, но доколку започнеме со коренито трансформирање… тогаш ќе се помрднеме од оваа мртва точка во која што се наоѓаме сите ние, пишува координаторот на трудовиот сектор на Левица, Бобан Кочовски на фејсбук статусот.
 

Либерализацијата на пазарот на трудот не само што не донесе надградба на социјалистичкиот систем, туку и ги намали…

Posted by Кочовски Бобан on Monday, August 17, 2020