ЕкономијаСвет

НА ВИЕНЧАНЕЦ МУ ПРЕСЕДНАЛА ВЕЧЕРАТА КОГА МУ СТИГНАЛА СМЕТКАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ – одлучи тоа да го сподели со јавноста

   Време за читање 1 минута

Цените во Хрватска експлодираа, а еден Австриец на медиумите им ја приложил и потврдата од ресторанот во Лошињ, обидувајќи се со хумор да го прикрие бесот кога го видел цехот.

Поради инфлацијата, воведувањето на еврото, а веројатно и поради зголемената популарност, Хрватска очигледно стана скапо место на Јадранот.

Мартин од Виена, кој летувал на островот Лошињ, ја објавил сметката за вечера од ресторан и напишал:

– Моментално сме на одмор во Мали Лошињ и излеговме да јадеме риба – напиша тој. За среќа, тој веќе го голтнал последниот залак кога го „послужиле“ со сметката во овој ресторан во близина на пристаништето, која изнесувала 148,75 евра за две лица.

Мартин се обидел да го сфати тоа со хумор:

– Првокласна риба, две порции блитва, еден помфрит, пециво, три Аперол шприца и шише минерална вода за две лица – не можете подобро да се почестите.

На крајот на краиштата, тој и неговата придружничка уживаа во автентичната островска кујна подготвена од регионални состојки, вели тој на својата Фејсбук страница. 

Цените во Хрватска вртоглаво растат, што предизвикува бес поради високите сметки во рестораните.

Виенскиот турист се обидел да ја исмее сметката од 148,75 евра за риба, блитва, помфрит, Аперол Шприц и минерална вода, а дури и мештаните се згрозени од високите цени во Хрватска.

BiznisKurir/Heute