На Германија ѝ се заканува недостиг на готовина поради штрајкот на 10.000 работници
Германија се соочува со недостиг на готовина поради националниот штрајк. Имено, работниците во транспортот на пари и други вредни предмети престанаа да работат во неколку сојузни провинции. Претставникот на синдикатот посочи дека недостигот на готовина ќе се почувствува во следните неколку дена. Станува збор за предупредувачки штрајк поради преговори за условите за работа на 10.000 вработени во овој сектор.
Преговорите меѓу работодавачите и синдикалците треба да продолжат утре во Минхен. Предупредувачкиот штрајк завршува денес во 23 часот и 59 минути, а викендот секако е неработен ден за вработените во овој сектор. Значи, претпоставката е дека недостигот на готовина ќе се почувствува до средината на следната недела и дека ќе треба ден-два за да се нормализира ситуацијата. Меѓу другото, синдикатот бара единствен додаток за годишен одмор, божиќен бонус во висина од половина од месечната бруто плата и годишен одмор од 31 ден. Дополнително, за вработените во сојузните покраини Северна Рајна Вестфалија и Долна Саксонија се бара значително зголемување на саатницата – на 23 евра, пренесува порталот Тагесшау, објави Кликс.ба.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025