ЕкономијаНовостиСвет

Невработеноста во ЕУ и еврозоната падна во август

   Време за читање 1 минута

Стапката на невработеност во еврозоната во падна во август на 6,4 отсто, што е малку помала од 6,6 отсто во истиот месец од 2023 година, објави во средата Евростат.

Во Европската унија оваа стапка изнесуваше 5,9 отсто, што е помалку од шест отсто пред една година, објави заводот за статистика.

Околу 13,03 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10,92 милиони во еврозоната, биле невработени во август 2024 година.

Во споредба со јули 2024 година, невработеноста се намалила за 108.000 во ЕУ и за 94.000 во еврозоната, додека во ЕУ имало 142.000 помалку невработени и 233.000 во еврозоната отколку во август 2023 година.

Највисока стапка на невработеност е забележана во Шпанија со 11,3 отсто, а најниска во Чешка со 2,6 отсто.

Заклучно со август 2024 година, стапката на невработеност кај младите на возраст под 25 години е 14,1 отсто во еврозоната и 14,3 отсто во ЕУ, а во двата случаи е забележан пад.