Неделата како неработен ден може да ги избрка странските инвеститори од државата
Само половина од 34 компании лоцирани во развојната зона во Скопје ќе можат да работат во недела. Останатите, ќе стават клуч на врата последниот ден од неделата, ако се усвои сегашниот предлог – недела да биде неработен ден. Во драфт верзијата на законот за работни односи се наведува дека ќе им се дозволи да работат само оние компании кои ќе докажат дека нивното производство не може да трпи прекин. Првиот човек на ТИРЗ вели – кај странските инвеститори постоела поодготвеност да се прифати ваквата иницијатива
Но токму странските компании алармираат – ако се носат законски измени да се внимава да не се изгубат и постојните инвеститори. Се уште го немаат видено предлог законот – но препорачуваат да се следат компаративните искуства, за да не се намали атрактивноста на земјава во привлекување странски инвеститори, но и да се задржат постојните, поради законските ограничувања кои не се случај во опкружувањето.
Со законските ограничувања за работа во недела потенцираат дека може да им се намали придуктивноста, конкурентноста, да им ги зголемат трошоците и со дополнителните реорганизација во производствениот процес да не можат да ги исполнат бизнис нарачките на странските партнери.
За лидерот на опозицијата пак, приоритет е да се најде работа за над 50-те илјади отпуштени работници изминатиот период, отколку да зборува за идеи кои се уште не се преточени во законот, со цел, да се дефокусира јавноста
Во предлог законот ќе се настојува во недела да работат само оние дејности кои се неопходни за нормално функционирање на државата. Вработените за тоа ќе земат повисока дневница и ќе имаат слободен ден. Газдите кои нема да го испочитуваат тоа, покрај повисоки казни од постоечките 3,000 евра, најверојатно ќе добијат и забрана за работа во рок од 15 дена.
Извор: Сител

