ЕкономијаМакедонија

Гласен Текстилец до Бектеши: Ако сакате да помогнете на граѓаните дадете им јасни насоки и мерки

Реакција на ЗЗРП Гласен Текстилец Штип во врска соопштението на министерот Бектеши во врска ограничените маржи на прехранбените продукти‼️
📢Почитувани, свесни сме дека оваа криза особено ги погодува работниците, сиромашните, а со тоа цели нивни семејства.
‼️Од почетокот на кризата, упатуваме апели за поголема грижа од страна на владата за сопствените граѓани и постојани злоупотреби врз грбот на народот од одредени субјекти.
⛔И минатиот пат имаше соопштенија за замрзнување на цените на прехранбени продукти, но никој не водеше грижа за постојаните покачувања, иако граѓаните алармираа постојано на злоупотреби.
🚫Ова ново соопштение според нас е несериозно, повторно со штуро објаснување без никакви насоки и одредени цени како не би се повторувале злоупотребите со кои се соочуваат граѓаните од одредени трговци.
📢Почитуван министер и Влада, доколку навистина сакате да помогнете на сопствениот народ и најсиромашните, оние со најниски приходи во време на ваква криза, важно е да дадете јасни насоки и јасни мерки во склоп на ова соопштение.
📉На пример во Хрватска , определени се највисоки цени за лебот, за млеко, за масло, за пилешко, за било какви артикли и максимална сума за истите. Исто, се даваат конкретни насоки од кога стапува на сила оваа мерка и се даваат броеви за пријавувања до пазарен инспекторат (дежурни броеви) на кои граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба од страна на одредени трговци.
📍Но државата треба да мисли и на царинење и ослободување и кон трговијата за да има фер конкуренција на пазарот и помош кон нив.
⛔Со вакви соопштенија, ниту се дава сигурност, ниту помош и поддршка кон сопствените граѓани, а ниту кон домашните проиводители.
⚠️Со оглед на периодот кој следи и ќе биде далеку покритичен, бараме од владата и министерствата , но и институциите да донесат навремени и јасни мерки во корист на граѓаните да можат да ја поминат со помали штети оваа криза.