ПравдаСветот на работникот

Приведен жител на Ваксинце поради агресивно однесување во Државниот универзитет Тетово

Денеска во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С. (42) од сeло Ваксинце, општина Липково.

Toj претходно во Државниот универзитет Тетово го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработениот М.Т. (36) од Тетово. Тој бил приведен во полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.