МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Неделков: Проблемот во културата е лоциран и надминат

   Време за читање помалку од минута

Првата работна средба на СОНК со министерката за култура на која што учествуваше и СКРМ, ја оценуваме како конструктивна и успешна. Проблемот со неисплатената плата за месец јули во установите од културата е надминат. Сите установи кои ги имаат изготвено платите по новиот Колективен договор ќе се исплатат веднаш, односно во текот на наредните денови. Останатите, ќе земат плата кога ќе имаат доставено потполна документација до министерството. Проблемот е лоциран и трајно надминат, во наредните месеци нема да постои никаква пречка за редовно исплата на плата и придонеси на плата.

Screenshot 20200902 172537 Facebook