ПравдаСветот на работникот

„Достоинствен работник“: Не се почитуваат доволно работничките права за заштита во време на пандемија

 Да се преземат повеќе мерки за заштита, да се контролираат прекршувањата на правата за заштита на работниците, во Законот за работни односи прецизно да се дефинира што е работа од дома што ќе стане уште поактуелно наредните месеци, а владата да донесe посилни економски мерки, бараат од здружението „Достоинствен Работник“ кои ги анализираат состојбите со заштитата на работниците поради пандемијата. Со уште пет невладини го спроведуваат проектот „Одговор на социо-економските ефекти од Ковид-19 преку поддршка на ранливите групи, ниско платените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработени“.

Според Рубинчо Аризанкоски, претседател на здружението „Достоинствен работник“ иако има предлози за дополнување на Законот за работни односи што треба да ги донесе новиот Парламент, не е прецизирана работата од дома.
 
Повеќе прочитајте на либертас.мк