Неделков: Спогодбата не треба да се поистоветува со барањата на СОНК
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
СООПШТЕНИЕ
Почитувани членови на СОНК,
Во врска со денешната потпишана Спогодба за вработените во основното и средното образование, би сакале да дадеме појаснување.
Имено, во член 14 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (кој во 2023 година беше потпишан од страна на ССМ и МТСП) стои:
“Доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година, споредено
со индексот на трошоците на живот за првите шест месеци во 2023 година надминува 3%, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ
за разликата до 3%. Со оглед дека разликата на индексот на трошоците е 0.7%, СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР треба да имаат зголемена плата за тој процент, а ресорните министерства да потпишат спогодби за дејностите за кои се надлежни.
Овие насоки се пристигнати од Министерството за финансии и се однесуваат на сите вработени во јавниот сектор.
Тоа значи дека оваа Спогодба не треба да се поистоветува со барањата на СОНК за усогласување на платите во дејноста образование.
СОНК дополнително сака да Ве предупреди да не потклекнувате на тенденциозни и злонамерни шпекулации во јавноста од одредени колеги, кои по секоја цена сакаат преговорите со МОН да бидат неуспешни.
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025