Недостигаат компјутери и телевизори во УХМР – одговорност нема!
Во Управата за хидрометеоролошки работи, државната ревизија утврдила дека на одредени работни позиции вработени се луѓе со несоодветно образование. Според ревизорите ваквата одлуката создава ризик вработените да не успеат да одговорат на зададените работни задачи. Дополнително на вработените им било дадено право да работат во смени – дури и по 24 часа без прекин а за возврат добивале слободни денови. Ревизорите нотираат дека оваа пракса не е во согласност со Законот за работни односи и создава ризик исплатените плати да не се одраз на реално одработеното време.
„Ваквиот начин на организирање на работното време не обезбедува секогаш одработување на законски потребниот број на работни часови на месечно ниво, додека во одредени месеци кај определен број на вработени се јавуваат вишок на часови за што имаат покренато судски постапки за надоместок на додаток за прекувремена работа, додаток за работа во неделен одмор, за работа во празник, бонус плата за над 150 часа“, вели Државниот ревизор, објави АлсатМ.
Целосниот текст прочитајте го тука
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025