Недостигот на стручни кадри ги намалува инвестициите на германските компании во земјава
Недостигот на стручни кадри ги демотивира странските компании да инвестираат во земјава, покажуваат разултатите од Анкета за оценка на деловната клима во Македонија, што традциционално ја спроведува Македонско-Германското стопанско здружение. Како што истакна денес на презентација на резултатите од анкетата, директорката на АХК Северна Македонија, надлежна и за Албанија и Косово, Антје Ванделт, проблемот со стручни кадри не е карактеристичен само за нашата земја, туку и за целиот европски простор.
„Дури 70 проценти од германските инвеститори во државата сметаат дека недостигот од стручни кадри е еден од најголемите ризици, помеѓу другото води кон тоа да се одразува кон тековното производство, да се одбиваат налози и да се намалуваат планирани тековни инвестиции“, рече Ванделт.
Од учесниците во анкетата, 57 отсто сметаат дека трошоците за работењето се еден од факторите за ризик, а 47 проценти дека влијае и економско политичката ситуација.
Во врска со инвестициските разходи, 30 проценти од компаниите имаат намера да ги зголемат своите инвестиции, 33 да останат на истот ниво, а 37 отсто да ги намалат издатоците за инвестиции.
„Доколку овие податоци се споредат со инвестициите од минатите години може да видиме дека постои оладување во однос на инвестициите, односно нивно намалување“, рече Ванделт, посочувајќи дека еден од одлучувачките фактори за ова е се поголемиот недостиг на стручни кадри.
Таа додаде дека компаниите, сепак, не седат со скрстени раце и се обидуваат да им обезбедат на вработените што подобри услови за работење и на тој начин да ги задржат постојните, но да дојдат до нови вработени.
„Многу е битно и внатрешното функционирање на самите вработени во компаниите“, посочи Ванделт.
Во врска со темата стручни кадри Ванделт ја нагласи и улогата на АХК во Македонија и нејзиниот придонес за дуалното стручно образование, при што, како што посочи, минатата година успеале да отворат нови 135 позиции за практиканти.
Таа додаде дека иако има тренд на намалување на инвестициите во Македонија таа и натаму останува интересна за германските инвеститгири, при што 69 отсто од компаниите во анкетата одговориле дека повторно би инвестирале во земјава.
Ванделт упати и како што рече, повеќе желби до новата влада.
„Прва желба е продолжување на отворениот дијалог. Понатаму, контструктивна размена и консултации со економските тела, коморите, пред да се носат законски измени кои би се одразиле на производната индустрија. Би сакале зголемување на ефикансноста во делот на административните процеси, како што е издавање дозволи за работа, за престој, потоа поголема транспатнетност во процесите и натамошна дигитализација“, рече Ванделт, додавајќи дека исто така би сакале да видат продолжување и завршување на започнатите инфраструктурни проекти.
Таа исто така се осврна и на се поголемиот одлив на работна сила од земјава, при што рече дека германските компани во изминатите години настојуваат да создаваат атрактвни услуги, пред се за младите соработници.
„Но, сите знаеме дека ова не е доволно за да го успориме или дај боже да го запреме трендот на иселување“, рече таа. „Затоа нашата желба до новата влада е создавање потребни рамковни услови кои на младите би им обезбедиле атрактивни услови за живот и за развој. Новата генерација ни треба не само нам, туку и на целата држава, затоа заеднички да работиме на оваа цел“, нагласи Ванделт.
Одговарајќи на прашања на новинарите таа рече дека трошоците за работењето, односно трошоците за плати во последните години се зголемија, и како што покажуваат одговорите за клучните ризици, проблем е нивното најавување на краток рок, поради што компаните не можат да ги планираат овие трошоци.
Таа исто така, дека Македонија може да профитира од рецесијата во Германија, бидејќи германските компании бараат поповолни локации за да го префрлат производството и така да ги намалат трошоците.
Анкета за оценка на деловната клима во Македонија се спроведува 19 години помеѓу германските инвеститори и компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение.
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025