СветСиндикат

Почна бран штрајкови во Германија: Јавниот превоз речиси парализиран, еве кои се барањата на синдикатите

Синдикатот Ver.di денеска започна предупредувачки штрајкови во јавниот превоз низ цела Германија, поради што автобусите, трамваите и возовите останаа во депоата, а патниците беа принудени да побараат алтернативен превоз, објави Der Spiegel.

Штрајкот започна рано утрово во најголемите градови, вклучувајќи го и Берлин, и во поголемиот дел од регионите ќе трае до сабота.

Исклучок е Долна Саксонија, каде што штрајковите не се дозволени или не ги опфаќаат градските железници.

Во одредени германски покраини, како Бремен и Саксонија-Анхалт, штрајковите ќе траат и до недела.

Кои се барањата?

Ver.di бара подобри услови за работа, вклучувајќи пократки смени, подолги периоди на одмор и повисоки бонуси за ноќна и викенд-работа.

Работодавачите ги критикуваат штрајковите како „штетни за патниците“ и наведуваат дека досегашните преговори не довеле до договор.

Ова е втората голема индустриска акција во рамки на тековните преговори за платите во јавниот превоз оваа година.

Извор: Blic.rs