- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Независниот синдикат на одбраната дава потполна поддршка и се приклучува на протестот на КСС !

НСО - Работник
218views

Независниот синдикат на одбраната – НСО при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС дава потполна и безрезервна поддршка и се приклучува кон протестот кој ќе се одржи на 15 април (четврток).

Како синдикат, велат од НСО, отсекогаш се залагаме за унапредување на работничките права и синдикалното организирање на Македонија во рамките на социјалниот дијалог, но поради тоа што истиот е на многу ниско ниво, сме принудени како дел од КСС да се приклучиме на протестот и да побараме да се почитуваат законите, колективните договори и сите европски и светски правни акти коишто ја регулираат трудовата сфера.

Од НСО подвлекоа дека тие како синдикат имаат социјален дијалог на високо ниво со нивниот работодавач, но поради проблемите коишто ги имаат нивните колеги синдикалци, а со цел да изразат солидарност, даваат потполна поддршка и се приклучуваат на протестот.

Протестот, истакнаа од НСО, е едно од средствата коишто синдикатите ги имаат на располагање за да го искажат своето незадоволство од односот на Владата кон синдикалното организирање, а ние ова право го користиме сега, бидејќи сметаме дека е потребно да се слушне гласот на работниците.

Ги повикаа своите членови во знак на солидарност да се приклучат на протестот и да дадат поддршка на КСС во борбата за унапредување на работничките права.