- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Незамислив е изговорот дека ние сме причината за ширење на вирусот, велат од иницијативниот одобор на ресторани

Ресторани - Работник
231views

Ова е веќе трета недела на континуирани протести од наша страна, на кои за жал не наидуваме на никаков слух од страна на надлежните власти. И после толку време, ние сме единствената индустрија на која и е забрането да функционира и која сеуште се држи во неизвесност и страв од целосен колапс.

Иако предлог протоколот за нашето функционирање беше навремено доставен, ние сеуште немаме добиено никакво мислење од Комисијата за заразни болести и од Владата, ниту пак сме повикани на конструктивен заеднички дијалог со кој би можело да се реши нашето егзистенционално прашање, истакна Александра Трајковска од иницијативниот одбор на ресторани за организирани настани и додаде:

„Протоколот е оној истиот по кој веќе функционираат сите останати ресторани и кафе барови во моментов, дури и поригорозен. Ги прашуваме надлежните: Зошто ние веќе една година сме дискриминирани од правото да работиме согласно постоечкиот протокол? Тотално е нелогична и неправедна одлуката гостите да може да седат во 10 пати помали простори од нашите ресторани. Ако додадеме на тоа дека нашата работа е сезонска и 90% од рестораните за организирани настани се од отворен тип – незамисливо е да постои изговор дека ние сме извор за ширење на вирусот. Зошто постои таков селективен пристап кон мерките?“.

Се надеваат дека Комисијата и Владата ќе превземат одговорност и заеднички ќе се заангажираат конечно да го решат нивиот проблем.

-Во најлош случај, оваа пандемија ќе трае со години, според најавите на светските здравствени експерти. Мора да се најде начин за работа на сите економски субјекти за да не згаснат илјадници работни места.
Уште еднаш, свесни сме за епидемиолошката состојба во моментов, и затоа во оваа прва фаза не бараме да ни биде дозволено да правиме традиционална свадба со прием, голем подиум, оро итн. Бараме да можеме да правиме свечен ручек/ вечера согласно постоечките протоколи. За тоа е потребно да се промени членот 12 од последниот протокол за отварање и работа на угостителските објекти објавен во службен весник на 14.07.2020, со кој е забрането организирање на секаков вид на прослави“.

Доколку во најбрз можен рок не отпочнат со работа, велат дека се заканува целосен пад на оваа индустрија, а тоа ќе се одрази со губење работни места, стечајни постапки, извршители, како и на сите нивни соработници и доверители.