Нема да верувате колку заработуваат во оваа земја! Оние кои работат на оваа позиција ги чека плата од дури 200.000 евра
Франција, седмата најголема економија во светот и трета по големина во Европа, според процените на ММФ за 2025 година, останува една од најпосакуваните пазари на труд во Европа. Со БДП од 2.74 трилиони евра, Франција привлекува и домашни и странски работници во потрага по високи плати и подобар животен стандард.
Официјаната статистика и актуелните огласи за работа откриваат кои се најплатените работни позиции во Франција, во кои сектори најдобро се заработува и колку изнесува годишно платата за најбараните професии.
Кои сектори носат најголеми плати во Франција?
Според податоците на Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE) за 2023 година и анализите на огласите од страна на порталот Indeed, пет главни сектори доминираат на листата на најплатени занимања:
- Авијација: Пилоти и други високо специјализирани работници во цивилното воздухопловство предводат на листата со просечна годишна нето плата од дури 111.600 евра.
- Корпоративен сектор: Менаџерите и директорите заработуваат просечно 92.000 евра годишно, посебно во големите компании со преку 500 вработени.
- Здравство: Стоматолозите и лекарите вон болничките установи имаат просечна годишна плата од 84.600 евра.
- Правни и финансиски услуги: Адвокатите, финансиските експерти и правните советници остваруваат просечна годишна плата од преку 70.000 евра.
- Информациски технологии и инженеринг: ИТ стручњаците и инженерите на раководни позиции исто така се меѓу најплатените.
Најплатени професии
На врвот на листата на најплатени професии се наоѓаат менаџерите на големи компании со просечна годишна нето плата од речиси 200.000 евра. Следуваат:
- Извршни директори на финансиски пазари: 132.000 евра.
- Административни, финансиски и комерцијални менаџери во големи фирми: 127.200 евра.
- Менаџери на средни претпријатија (50 – 499 вработени): 123.600 евра.
- Пилоти и цивилни авијациски службеници: 116.000 евра.
Само овие пет професии во Франција имаат просечна годишна нето плата од преку 100.000 евра.
Веднаш зад нив се адвокатите (99.600 евра) и техничките директори на големи компании (98.400 евра). Меѓу најплатените се и стоматолозите (87.600 евра) и лекарите кои не работат во болници (81.600 евра).
Интересно е што директорите на медиуми, музички и мултимедијални издавачи, и покрај дигиталните предизвици, се високо рангирани, со просек од 57.600 евра годишно.
Што велат огласите за работа, кои професии се најбарани?
Анализата на Indeed огласите (мај 2024 – април 2025) покажува бруто годишни плати и прикажува нешто поразлична слика за пазарот:
Стоматолозите предводат со медијална плата од 95.000 евра, а зад нив следуваат ортодонтите со 78.750 евра.
Мрежните архитекти во ИТ секторот имаат плата од околу 72.361 евра, додека здравствените работници како медицинските агенти – 70.000 евра.
Советниците за дигитална трансформација, инжнерските директори, агентите за недвижнини и директорите за човечки ресурси се движат околу 60.000 – 65.000 евра годишно.
Меѓу топ позициите се наоѓаат и cloud архитектите, директорите на производство, продажните менаџери, како и консултантите и производството и финансиските сектори.
Нови работни места: ВИ, зелена енергија и биотехнологија
Според Павел Адражан од Indeed, најголем потенцијал за високи плати во наредните 5 до 10 години имаат секторите како што се:
- Вештачка интелигенција (ВИ) и генеративната ВИ (GenAI)
- Одржлива и зелена енергија
- Сајбер безбедност
- Биотехнологија и климатски анализи
Занимањата како етичар за ВИ, инженер за одржливост, стручњак за климатски податоци и GenAI инженер веќе сега бележат раст на побарувачката, пишува Euronews.
Исто така, работодавачите во ИТ и дата науката секторот се’ помалку инсистираат на формално образование, а се’ повеќе на практични вештини, што покажува тренд на преминување на „skills-based hiring“ (вработување врз основа на вештини, а не диплома).
Ако планирате кариера во Франција и целите кон повисок приход, менаџерските позиции, авијацијата, здравството и ИТ нудат најмногу шанси за одлична заработка. Новите трендови, како ВИ и зелената енергија, отвораат простор за нови високо платени работни места во блиска иднина.
Извор: Telegraf Biznis

