Немојте да ги правите овие 5 грешки за време на виртуелно интервју за работа – Можат да ви ја уништат шансата да ја добиете работата

Виртуелните интервјуа за работа станале доста актуелни во текот на пандемијата и иако се покомфорни од тие лице во лице, сепак потребно е да се обрне внимание на неколку работи.

Иако виртуелните интервјуа станаа нераздвоен дел од процесот на вработување, дури и кога поголемиот дел од работодавачите бараат од своите вработени да се вратат во нивните простории, нашите податоци покажуваат дека многу кандидати за работа треба уште да работат за да ја усовршат уметноста на виртуелните интервју која може да ја саботира нивната успешност – за CNBC Make it вели Аманда Агустин, кариерен експерт од TopResume.

Помеѓу август и септември, TopResume анкетирал 330 американски менаџери за вработување, регрутери и професионалци за човечки ресурси за да ги рангираат најлошите работи кои може кандидатот да ги направи за време на виртуелно интервју.

Еве кои се петте најважни нешта на кои треба да се обрне внимание во текот на виртуелно интервју за работа:

  1. Избегнување на гледање во очи или зјапање во празен простор;
  2. Седење во валкана соба;
  3. Оставање отворени табови или програми кои не се соодветни кога го споделувате екранот;
  4. Користење на непрофесионална позадина;
  5. Прекинување на интервјуто од страна на член на семејството.

Некои од работите кои треба да се избегнат се очигледни – немојте да имате валкана облека во позадина, речете им на вашите цимери или членови на семејство да не ве вознемируваат во текот на интервјуто – но некои се тешки за избегнување. Што, точно, значи „непрофесионална позадина“? Како правилно да воспоставите со некого контакт со очи преку екран?

Најдоброто место за правење на виртуелно интервју е соба којашто е чиста, тивка и има добра акустика, вели извршниот директор на Recruit Rockstars, Џеф Хајман. „Сакате интервјуерот да се фокусира на вас, а не на позадината“, посочи тој.

Доколку немате тивко место за работа во домот, Хајмен препорачува да седнете пред празен ѕид во тоалетот или некоја друга помала просторија и да употребите блурирана позадина. „Знам дека звучи лудо, но акустиката е фантастична таму“, појасни тој.

Агустин често прави интервју во нејзината спална соба, при што ги трга перниците и става неутрална прекривка над креветот за да атмосферата биде попрофесионална.

Што се однесува на декорациите „доколку размислите двапати за тоа дали треба да имате нешто зад вас, тогаш воопшто не треба да го имате за време на интервјуто“, вели Агустин.

Директниот контакт со очи за време на интервју е критична вештина која би требало да се совлада бидејќи покажува професионализам, воспоставува доверба и е љубезен потег, објаснува Хајман. „Ние сме програмирани да веруваме дека луѓето кои шараат со очите лажат или кријат нешто, иако се само нервозни“, истакна тој.

Можеби нема да се чувствувате природно гледајќи директно во камерата, но вежбањето со пријател преку видео повик на платформите како Зум или Мајкрософт Тимс, може да ви помогне да научите да гледате во правилната точка, советува Аугстин. Таа вели дека видео кутијата на вашиот екран на кој го гледате интервјуерот  можете да ја ставите поблиску до камерата за да ви биде полесно за да гледате во камерата.

Изненадувачки е тоа што техничките потешкотии не се на листата на работи важни за виртуелните интервјуа. Агустин вели дека тоа се должи на емпатијата од страна на менаџерите за вработување поради настанувањето на виртуелните предизвици во претходните две години.

„Добрите вести се дека сите препреки можат да се надминат преку вежбање“, додава Аугстин.