НовостиСветСветот на работникот

Непалците станаа најбројните странски работници во Хрватска

   Време за читање 1 минута

Според МВР на Хрватска, во првите два месеци од годинава во Република Хрватска на странци им се издадени вкупно 34.440 дозволи за престој и работа. Од нив имало 22.000 нови дозволи, а останатите се однесуваат на продолжување на постоечките. Лани во истиот период биле издадени вкупно околу 2.000 дозволи помалку. Годинава најмногу дозволи се издадени за странски работници од Непал (8.200), БиХ (5.600), Филипините (4.400) и Индија (4.000 дозволи). Непалците со тоа станаа најбројни странски работници во Хрватска, пишува Даница.хр.

Вкупно 612 дозволи за престој и работа за странци се издадени на подрачјето на Копривничко-крижевачката жупанија во првите два месеци од годинава. Од нив, 410 се нови дозволи за странски работници кои штотуку пристигнале во областа.

Во текот на минатата година во Хрватска се издадени вкупно околу 206.500 дозволи за престој и работа за странци. Тоа е за 20 отсто повеќе од лани. Најмногу дозволи за странци се издадени за градежништво (75.000), потоа за туризам и угостителство (56.000) и индустрија (28.500). Лани најголем број дозволи за престој и работа се издадени на државјани на БиХ (38.100), потоа на Непал (35.600), Србија (28.000), Индија (20.500) и Филипините (14.700). На северот на Хрватска, лани најмногу дозволи за престој и работа за странци се издадени на подрачјето на Вараждинската жупанија, околу 9.900, што е за 22 отсто повеќе. Следува Крапинско-загорската жупанија со 5.800 дозволи за странци (66 отсто повеќе). Во Меѓимурската жупанија се издадени 4.400 дозволи за странски работници (12 отсто помалку), во Копривничко-крижевачка 3.900 (исто како лани), а во Бјеловарско-билогорската жупанија 2.100 дозволи (72 отсто повеќе).