ЕкономијаСвет

Во Хрватска растат платите од 1 август: Повеќе од 200.000 вработени ќе добијат покачување

Повеќе од 200.000 вработени во јавниот сектор во Хрватска од 1 август ќе добијат ново зголемување на платите, согласно одлуката на хрватската Влада.

Според владината одлука, основицата за пресметка на платите ќе се зголеми од сегашните 1.015 на 1.025 евра бруто. Зголемувањето ќе се однесува на августовските плати, кои ќе бидат исплатени во септември.

Покачувањето ги опфаќа вработените во здравството, образованието, социјалната заштита, културата и науката.

Четири покачувања во текот на 2026 година

Моделот за оваа година предвидува четири фази на примена на новата основица:

  • Јануари – март: 1.004,87 евра бруто
  • Април – јули: 1.015 евра бруто
  • Август – ноември: 1.025 евра бруто
  • Од декември: 1.035 евра бруто

Од 1 декември 2026 година основицата повторно ќе се зголеми, на 1.035 евра бруто, што значи дека вработените ќе добијат уште повисоки плати со исплатата на првите плати во 2027 година.

Висината на покачувањето зависи од работното место

Конечниот износ на зголемувањето ќе зависи од работното место и коефициентот на сложеност.

Вработените со пониски коефициенти може да очекуваат покачување од неколку десетици евра нето месечно, додека оние со повисоки коефициенти ќе добијат значително поголемо зголемување на примањата.

Од хрватската Влада истакнуваат дека основицата за пресметка на платите е зголемена за речиси 50 проценти во споредба со 2016 година.

Извор: b92.net