Нереди во Индија поради законот за државјанство, муслиманите велат дека се дискриминирани
Денеска во Њу Делхи избиле пресметки помеѓу полицијата и студентите од исламскиот универзитет поради новиот спорен закон за државјанство за кои од муслиманското малцинство тврдат дека се дискриминирачки.
Поради нередот, посетата на Њу Делхи ја откажал јапонскиот Премиер Шинзо Абе.
Новиот закон нуди индиско државјанство на припадниците на шесте малцински верски општества од соседните Бангладеш, Пакистан и Авганистан, вклучувајќи ги индусите и христијаните, но не и муслиманите, што некои критичари го отценуваат овој потег за загрозувачки по секуларните темели на Индија.
Уништувале автомобили, полицијата одговорила со солзавец
Студентите од универзитетот Џамила Милиа Исламија кој се наоѓа во самото средиште на Њу Делхи, започнале протест и притоа уништиле автомобили и неколку луѓе се повредени и завршиле во болница. Полицијата одговорила со солзавец и палици за да ја разбие гужвата.
„Новиот закон е спротивен на идејата за секуларна Индија“, рекол студентот Закие Ријаз.
ОН: Законот е дискриминирачки
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права оценила дека овој нов закон „во својата срж е дискриминирачки“.
Индиската Влада вели дека се обидува да ги заштити верските малцинства од прогони од околните земји. Новиот закон за државјанство би го олеснил патот кон натурализација на индусите, христијаните, сиките, будистите, парсите или џихадистите кои се доселиле од соседните држави, но не и, на пример, муслиманите од етничката група Рохингја кои се протерани од соседниот Мианмар.