Несекојдневна работа: За 500 евра уништува туѓи венчавки по нарачка
Еден Шпанец смислил генијален начин како да заработува пари, уништува туѓи венчавки – свадби, така што се преправа дека е љубовник на невестата или младоженецот и потоа од нив бара да побегнат заедно, пренесува BIZlife.rs.
Ернесто, средовечен човек кој стои зад оваа бизарна услуга, станал тема во шпанскиот град откако што се појавил во сега виралното видео на Тикток профилот yahorasonsoles.
Како што вели, кај поголемиот дел од луѓето денот на венчавката се доживува како најсреќен ден во животот. Меѓутоа, за некои тоа е ноќен кошмар кој чека да се случи.
А тие неколкумина на кои им е ноќен кошмар мора да се негови клиенти. За основен надомест од 500 евра, Ернесто ветува дека ќе ја уништи венчавката на клиентот и дека ќе се преправа дека е љубовта на нивниот живот, молејќи ги заедно да побегнат за настанот да се откаже.
Многу барања за уништување венчавки
„Ако се сомневате, не сакате да се венчате или не знаете како да кажете не, не грижете се повеќе, ќе ја откажам венчавката за вас“, вели Ернесто во видеото.
„Морате само да ми ги кажете времето, местото и датумот и јас ќе се појавам на церемонијата. Ќе кажам дека сум љубовта на вашиот живот и заедно ќе побегнеме рака под рака.“
Очигледно, услугата започнала како шега, но откако бил преплавен со барања, Ернесто сфатил дека би можел убаво да заработува, известува шпанскиот портал антена3.
Моментално наплатува 500 евра за уништување на венчавки – свадби, што не ги вклучува патните трошоци, но дополнително се плаќа во случај на неочекувани инциденти, пишуваат независни.
Ако му удрат шамар, тупаница или клоца, ќе биде платен повеќе. Секој шамар му носи 50 евра плус.
Фото: Unsplash
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025