Неформален саем за вработување во Струмица

Младите невработени од Струмица и претставници на бизнис секторот се сретнаа на неформален саем за вработување.

На 30 штандови претприемачите ги презентираа нивните компании, а преку преку панел дискусии ги раскажаа  сопствените бизнис приказни, но и потребата од соодветен кадар и проблемите со кои се соочуваат при неговото ангажирање.

За младите најголем проблем се ниските плати. Според нив тоа била и основната причина поради која немаат доволно мотивација да се вклучат во производствениот процес. Според центарот за истражување и анализи Новус, 55% од младите во земјава кои се на возраст до 29 години се невработени.

Првиот саем за вмрежување и вработување во Струмица беше организиран во склоп на „Глобална недела на претприемништво“. Саемот е дел од проектот „Иницијатива за социо економско зајакнување на младите од Струмичкиот регион“, кој го спроведува невладината  НОВУС, со финансиска поддршка од ЕУ и во партнерство со Општина Струмица.

Извор: Сител