ПравдаСветот на работникот

Не ги отпуштам моите вработени и по цена да ми пропадне фирмата

   Време за читање помалку од минута

Во угостителсиот сектор кој е еден од најпогодените од пандемијата на корона вируост, според медиумите околу 15,000 вработени се отпуштени.

Сопственикот на ресторанот „Мал Алтан“ кој се наоѓа на влезот од Старата скопска чаршија, Горан Блажевски на својот фејбук профил напиша дека тој нема да ги отпушти своите вработени и по цена да му пропадне фирмата.

„Јас Горан Блажевски, сопственик на ’Мал алтан’ моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, посебно поради тоа што знам како е да немаш и така да ако треба на пола ќе делам со моите вработени. Тие ќе имаат целосна поддршка од мене и моето семејство“, напиша Блажевски на Фејсбук.