- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Не го запреле возилото на наредба на полицијата, па полицајците почнале да пукаат – уапсени двајца скопјани

208views

Две лица биле усапсени во Скопје, бидејќи не сакала да застанат кога биле стопирани од страна на полициските службеници.

-Вчера во 18:30 часот на мост кон ул.„Лука Геров“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Х.(20) од село Арачиново, скопско, и В.М.(18) од село Чајлане, скопско, бидејќи на бул.„Ѓорче Петров“ при обид од полициските службеници за сопирање на патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х., во кое сопатничка била В.М., истото не застанало, при што полициските службеници со предупредувачки истрел во воздух го сопреле возилото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира МВР.

Advertisement