ПравдаСветот на работникот

Не е точно дека Финска ќе воведе работна недела од четири дена

   Време за читање 2 минути

[Рајот на земјата: Шест часа работа само четири дена во неделата]

Финска пред нецел месец ја доби најмладата премиерка во светот, Сана Марин, за која се крена голема врева кога беше избрана околу составот на нејзиниот кабинет и за дел од политиките што сака да ги примени.

Десетици медиуми деновиве објавија дека новата финска премиерка Марин ќе воведе флексибилно работно време од четири дена во неделата, наместо пет како што е во поголемиот дел од светот. И не само тоа, туку ќе ги намалела и работните часови во денот од 8 на 6. Иако, ова звучи убаво и би сакале да се случи во вашата земја, сепак тоа не се случува ниту во Финска!

rajot na zemjata shest chasa rabota samo chetiri dena vo nedelata press24Линк до оригиналниот напис: Рајот на земјата: Шест часа работа само четири дена во неделата

Датум и време на објавување: 7.1.2020

Датум на рецензија: 9.1.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Оваа вест е лажна. Медиумите во својата објава го цитираат „Дејли мејл“, кој е британски таблоид познат по објавување шпекулации и непроверени информации. Таблоидот го објавува овој текст и го поткрепува со изјавата на сегашната премиерка дадена во август минатата година, кога била министерка за транспорт.

Веста толку многу се прошири, што со појаснување мораше да излезе и финската влада.

Во програмата на Финската влада, не се спомнува ништо за 4-дневна работна недела. Прашањето не е на агендата на финската влада. Премиерката Сана Марин на кратко ја престави идејата на панел-дискусија минатиот август додека беше министерка за транспорт и оттогаш нема никаква активност околу ова прашање, се вели во реакцијата од финската влада објавена на „Твитер“.

 

Ниту еден од медиумите што ја објавија информацијата не го пренесоа појаснувањето од финската влада.

„Овој напис е изработен во рамките на проектот „Со критичко мислење за медиумски умешни граѓани – КриТинк”, спроведуван од Метаморфозис и Евротинк со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува нивните ставови. За повеќе информации посетете го веб-сајтот crithink.mk или Фејсбук-страницата fb.me/kritink.mk. Написите се слободни за преземање доколку се наведе изворот (со линк) и оваа напомена.”

Извор: Либертас