НЕ за францускиот предлог, едногласно кажа Претседателството на Пензионерскиот синдикат на Македонија

Претседателството на Пензионерскиот синдикат на Македонија едногласно е против прифаќањето на францускиот предлог од страна на Владата на Република Македонија. Имајќи ги во предвид сознанијата за истиот, ние сме против тоа да се наруши македонската историја и македонскиот идентитет, а францускиот предлог има токму таква намена.

За нас како синдикат, но и како граѓани на Република Македонија е од особена важност да се зачува идентитетот којшто е граден години и години наназад. Ние имаме само една држава, а тоа е Република Македонија. За нас неприфатливо е да бидеме дел од Европската унија како никаква друга нација, освен како МАКЕДОНСКА.

Во оваа прилика сакаме да им порачаме на сите пензионери, самите да одлучуваат за иднината на своите внуци и да не подлегнуваат под никакви притисоци, како и внимателно да ги следат случувањата околу францускиот предлог.