- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Ниските плати се причина за немањето на интерес на луѓето за преквалификација во стопанството

Голем број на компании добија пари - Работник
455views

По вчерашната објава на порталот Работник, „Нема интерес кај невработените да се преквалификуваат за потребите на стопанството“, на нашата Фејсбук страна голем број на луѓе дадоа свои коментари околу оваа проблематика.

Еве само неколку од коментарите: 

„Интерес нема ни да има се додека личните доходи кај работниците со средна стручна спрема не достигнат ниво не од 500, туку сега веќе и од минимум 600 евра. Преквалификација за друго работно место со струка која носи помалку пари од онаа за која некој учел прават само оние кои што немаат друг избор. Ама сите оние кои имаат барем малку шанса да излезат од државата и да работат во странство си одат. Таму работат се и сешто, се мачат ама им останува некоја пара за да пратат дома. Остануваат само повозрасните, со 50 + години, кои ниту имаат воља ниту сметка да се преквалификуваат. Веќе напишав, само немање никаков друг избор ги тера да бараат чаре. За овие триесет години сите кои беа и кои се сега на власт ја зацрнија Македонија. Ако државата сака да просперира, политиката во сите сфери на живеењето да се смени ОД КОРЕН. Под хитно“, напиша еден читател на фејсбук страната на Работник.

Друг читател, пак напишал дека на газдите не им треба работници им требаат амали и поттрчковци што ќе работат за тројца, ќе ќутат и ќе ги трпат сите хирови и комплекси на газдите и претпоставените,, а ќе зимаат минималец. Ете тоа им треба и затоа нема.

Имаше и оптмистични коментари, но со доза на критика, особено во делот на платите за стручните лица:

„Родителите да ги насочуваат младите кон стручните школи, електро и машински. Времето за гимназиите заврши. Може доста да се научи од искусните техничари и нормално дека не може сите иста плата да земаме, но сепак искуството се зема во предвид, но сепак смешна е бројката како 15,900 за стручни лица“, стои во еден од коментарите. 

Некои алудираа на и на тоа дека газдите правеле од своите работници робови и дека децата на работниците гледале како тие се мачат по 12 часа за да обезбедат пари за егзистенција. 

Речиси сите коментари упатуваа кон тоа дека на луѓето им се даваат многу мали плати, па поради тоа не сакаат да се преквалификуваат за потребите на стопанството. 

Бобан Илијевски