Останато

LG: Виртуелни инфлуенсери за рекламирање производи

Реа Ким е токму како секое вработено човечко суштество – ја сака својата работа, се грижи за иднината, планира одмори. Сепак, во прашање е инфлуенсерка која многу се разликува од другите дигитални граѓани. 

Имено, Ким не е вистинска личност, туку дел од LG компанијата – виртуелна инфлуенсерка чија прва задача била да ги претстави новите LG CLOi UV-C роботи. Ким за роботите зборувала како за важни елементи за иднината на туризмот, па попатно нагласила дека се радува на патувањата низ светот во кој не постои. 

 

Оваа виртуелна LG работничка има околу шест илјади следачи на Инстаграм, како и има SoundCloud со една песна. Се приклучила на семејство кое постоело и пред неа, со оглед на тоа дека виртуелните инфлуенсери се тука веќе некое време – ја градат иднината на маркетингот, во кој клучен фактор ќе бидат токму тие.