Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници
Време за читање помалку од минута
Според податоците заклучно со 11-ти јануари, плата за ланскиот ноември чекаат 15.548 вработени. УЈП информира дека од нив, за 7.713 вработени имало направено пресметка од страна на 3.189 работодавачи, но не и исплата на плата. Од друга страна, 5.376 работодавачи воопшто не ни направиле пресметка за 7.835 вработени.
Во ноември, обврзници за исплата на плати биле 70.349 работодавачи за 556.332 вработени.
Latest posts by Портал Работник (see all)