„Реформа на пензискиот систем за оплодување на парите од приватните фондови во државни капитални инвестиции“
Во Топ Тема на Телма се разговараше за тоа дали има услови за инвестиции од приватниот фонд? Според директорот на ПИОМ Никола Мемов, како мерка, најважна работа за пензиските друштва во вториот столб е да можат по слобдно да инвестираат во пазарите. Тој истакна и дека потребна е реформа во пензискот систем.
– Како мерка најважна работа за пензиските друштва во вториот столб е да можат по слободно да инвестираат во пазарите. Над 300 милиони евра одат во вториот столб. Законски тие можат да ги оплодуваат во странски берзи. Треба да има измени во законот за инвестирање на овие средства. Можеби треба да се размислува пензиските друштва да инвестираат во државни капитални инвестиции. Сите овие 640 илјади осигуреници може да бидат акционери во на пример Чебрен и Галиште и да добијат профит. Треба законска регулатива да им се овозможи за да можат да размислуваат за инвестиции. Пензиските друштва секогаш се расположени да имаат поголемо акциско портфолио. Со ваквата методологија ќе може поголем процент да се инвестира дали во државни капитални инвестиции или во берзи. Идејата е следна: МАПАС е државна компанија и ќе ги контролира пласманите на тие друштва. Еве и идеја – преземање на скалест ризик во дел на инвестирањето. Младите осигуреници ќе имаат повисок ризик, средните помал, а трета категорија на граѓани да немаат ризик, изјави Мемов.
Запрашан кој е предлогот за справување со сивата економија? Тој истакна дека државата е таа која треба да ги искористи сите механизми за да не дозволи тоа да се случува.
– Прибирањето на средствата од пензискиот фонд, ги собира УЈП. Граѓаните треба да знаат дека сите средства на државата по основ на придонеси ги има УЈП. Државата треба да си ги собере сите побарувања по основ на придонеси. Ние како ЗНАМ сме целосно кон тоа инспекциските служби да си ја вршат својата работа. Кога ќе се смени методологијата, на работодавачите сами ќе им биде исплатливо да ги плаќаат придонесите. Ако се уплаќаат придонеси на вистинскиот износ ќе добијат повисока пензија. Ние треба да создадеме клима работодавачите сами да исплаќаат целосни придонеси, додаде Мемов.

