МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

НСП го осудува нападот врз полицаецот во Велес

   Време за читање 1 минута

Независниот синдикат на полицијата го осудува нападот врз полицискиот службеник во Велес.

„Најстрога казна за напаѓачите. Нападот врз Полицискиот службеник мора да се смета за напад на државата. Бараме надлежното Јавно обвинителство и надлежниот суд досегашната пракса за неказнување и пуштање на извршителите да ја променат и конечно напаѓачите да се соочат со најстроги казни. Бараме исто така измени во Законот за Полиција и Кривичниот законик. Полицискиот службеник заслужува ДОСТОИНСТВО.
На повредениот колега му посакуваме побрзо закрепнување.
Независниот синдикат на полицијата, на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, од политичарите јавно ќе побара нови закони за европска заштита на полицијата и вистинска правна сигурност и безбедност на граѓаните“, истакнуваат од НСП во соопштението.

Од НСП утре ќе одржат и прес – конференција која ќе биде по повод нападот на полицаецот во Велес.