Лекарите во Србија кои нема да се вакцинираат, нема да можат да земаат бонуси и додатоци на плата
Одредени медицински работници очекуваат големи промени.
Имено, сите лекари, медицински сестри, техничари, како и помошниот персонал во болниците во Србија кои ќе одбијат да се вакцинираат, ќе примаат плата без бонуси, стимулации или додатоци за дежурство, изјавила директорката на ковид болницата во Батајници Татијана Аџиќ Вукичевиќ.
Таа за Информер рекла дека на состанокот на директорите на болници бил поддржан предлогот за медицинската професија и дека министерот за здравство се согласил да направи список на сите доктори и медицински персонал кои не примиле вакцина, а работат во ковид и други болници.
„Тие ќе бидат префрлени на административни работи и нема да можат да работат со пациенти, а тоа значи дека ќе примаат само основна плата. Ќе земаат двапати помала плата од сега“, рекла Аџиќ Вукичевиќ.
Таа истакнала дека поради порастот на бројот на заразени ќе мора да се отвори и втората зграда на интензивна нега.
Извор: b92.net
Фото: Robert Petrovic/Shutterstock

