- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

НУК: Зголемувањето на дневниците за работа во Недела може да разбуди поголем интерес кај работниците

НУК: Зголемувањето на дневниците - Работник
582views

И досега согласно законската регулатива начинот на пресметка на плата предвидува исплата на поголеми дневници за неработни денови и празници, велат од Независната Угостителска Комора за порталот Работник, на прашањето што мислат за барањата на КСС за зголемување на дневницата за 50 % за работа во Недела.  

Посочија дека Согласно Законот за работни односи (ЗРО) “Работниот однос” е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот.

„Треба да се земе предвид при договарањето на надоместоците во зависност од работното место како и времето и деновите предвидени за работа – едносменско, двосменско – во смени, само работни денови, работни денови и викенди, само викенди и слично вообичаено договорената висина на надоместок – т.н. дневница уште во стартот ги предвидува обврските и деновите кои се работи“, велат од НУК. 

Како за пример од НУК истакнаа дека доколку лицето кое работи во кујна – кувар работи само прва смена во работни денови – 40 часа неделно вообичаено има дневница од 1200 денари (6.000 денари неделно) во однос на лицето што работи во смени и викенди – повторно вкупно неделно 40 часови има просечна дневница 1.500 денари (7.500 денари неделно) односно веќе 25% просечно поголема од редовната заради работата во смени и викенди односно празници.

Што значи и во моментов на некој начин ако се согледа во пракса предвидени се и се исплатуваат поголеми дневници за оние кои работат во викенди и смени во однос на овие што само работат една смена во работни денови, велат од НУК.

„Во случајов ако првиот работник кои работел само една смена работи и недела му се исплати 50% плус или двојна дневница (пример наместо 1200 му се исплати 1800 или 2400 денари) повторно ако истата се разложи на просечна неделна дневница ќе видиме дека просечната дневница ќе биде помала од онаа договорената за работникот кој се согласил да работи во смени и викенди и празници заради тоа што производниот и работниот процес кај угостителите тоа го наложува“, наведоа од НУК. 

Според нив, доколку се направи со новото решение – законска регулатива со која би се прецизирало поединечно да се пресметува и исплатува дневница зголемена за 50 или 100% за денот недела истото може да доведе до појава на зголемен интерес на работници кои ќе сакаат да работат континуирано во недели, односно може да доведе заради зголемениот трошок особенo кај оние угостители работодавци кои вработуваат од 20, 30, 50 па и повеќе работници во своите угостителски објекти, појава на посебни викенд менија каде веројатно цените од стандардните неделни понуди би биле процентуално зголемени.

Министерството за економија стои на ставот дека угостителството и туризмот треба да работат во Недела, за да се привлечат поголем број на странски туристи. 

Фото: Pixbay 

Бобан Илијевски