- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Обвинети за искористување на детски труд: Производителите на цигари се соочуваат со тужби

Обвинети за искористување на детски труд - Работник
111views

Индустријата за цигари според тврдењата на адвокатската фирма е структуирана на тој начин да на мултинационалните компании им даде привид на одвоеност од условите за работа на плантажите. 

Производителот на цигар, Бритиш Американ Тобако (БАТ) и британскиот Империал Брендс профитирале од детски труд, експлаотација и опасни услови за рабоа на плантажите за тутун во Малавија, се вели во тужбата која е покренета по истрагата на британскиот Гардијан.  

Компаниите според судските документи се обвинети за „раширена употреба на незаконски детски труд и присилна работа, системско изложување на ранливите и сиромашни возразни и деца на опасни услови за работа, со минимална заштита од индустриски несреќи, повреди и болести“, пишува Гардијан. 

Тужбата пред високиот суд во Лондон ја поднела адвокатската фирма Леих Деј, пренесува Јутарњи Лист. 

БАТ и Империал минатата година оствариле вкупно 12,5 милијарди фунти добивка, а според докумнетите би требало да обештетат вкупно 7,020 деца и возрасни ангажирани во ланците за снабдување, наведува британскиот весник во извештајот објавен крајот на минатата недела. 

Индустријата за цигари според тврдењата на адвокатската фирма е структуирана на тој начин да на мултинационалните компании им даде привид на одвоеност од условите за работа на плантажите. 

Компаниите како БАТ и Империал купуваат листови на тутун преку трговци кои ги набавуваат од тутунарите, објаснува британскиот Гардијан. 

Застапниците на обвинителот тврдат дека двете компании знеле какви се условите за работа на плантажите во Малавија. 

Гардијан во истрагата во 2018 година утврдил дека тутунарите се изложени на труење со никотин, отворни пестициди и тешки временски неприлики во текот на интензивните работни смени, и тоа на подрачја на кои работат до 63 % од децата. 

„БАТ многу сериозно ги сфаќа човековите права и очекува да ги почитуваат и поддржуваат сите вработени и добавувачи“, било порачано од оваа компанија за Гардијан. 

Додале дека „не би било примерно“ да ги коментираат поединостите од тужбата, со оглед на можните идни судски процеси.

„Детскиот труд се уште е значаен ризик за нашиот ланец за набавка на листови од тутун кој континуирано го следиме и сузбиваме“, стои во текстот на веб страната на БАТ.

„БАТ не одобрува детски труд и дефиниравме барања за сите наши добавувачи за да бидеме сигурни дека нивната работа не вклучува експлоатација на детски труд“, наведуваат од таму. 

Најавиле дека до 2025 година нивна цел е да се укине детскиот труд во тутунскиот ланец на набавка.