- Advertisement -
Uncategorised

„Обединети Работници“: Овој ден да биде потсетник за сите жртви кои ги направиле работниците

Обединети Работници - Работник
181views

Соопштение на Движењето за социјална правда „Обединети Работници“:

Борбата на работниците продолжува! Честит 1ви Мај на сите членови на работничката класа!

Advertisement

1ви Мај е многу повеќе од само обичен неработен ден, овој ден е потсетник за малата но исклучително важна победа која што работничката класа ја извојува против сите оние кои што сакаа робовладетелството и грубата експлоатација да продолжи како во самите почетоци на човековата цивилизација.

Овој ден мора да запаметиме дека е посветен на сите жртви кои што ги направиле работниците, сите груби кршења на основните работнички потреби кои подоцна прераснаа во права, сите заложби за денес да можеме да имаме подобро општество.
Но, за жал, изминативе години се случува повторно раѓање на работничкото робување поради алчноста на крупните капиталисти кои во желбата за поголем профит уништуваат милион животи. Работниците повторно постепено се доведуваат во положба на потчинетост и зависност, нешто што не смее да се дозволи!

Advertisement
Advertisement

Токму овој ден мора да ја разбуди заспаната работничка класа и да ја потсети дека таа МОЖЕ и МОРА повторно да се избори за она што и следува! Само обединета работничка класа може да се избори за своите права!

Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” им го честита утрешниот исклучително значаен празник на работниците и се надеваме што поскоро да се случи работничкото обединување, за доброто на сите нас!

Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување!

Advertisement