ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се одлепиле од реалноста, единствено што расте е криминалот и корупцијата на Заев

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Димитар Ковачевски

Само СДСМ ЛАЖНА ВЕСТ гледа економски напредок во Македонија. Очигледно дека хартијата трпи се, а СДСМ се во очаен обид преку статистичка гимнастика да покаже дека граѓаните живеат подобро. Реалноста е очајна. Лани беа затворени 6.200 компании, а за 6 месеци оваа година се затворени над 5.000 нови компании. Само лани имаше 60 илјади нови невработени, а околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија.

Најстрашно од се е што во време на власта на Заев долгот се искачи на рекордно високо ниво, а се најавува дека тој ќе порасне до 9 милијарди евра. На дното сме по економскиот развој во регионот и по прилив на странски инвестиции. Сите земји од Западен Балкан имаат од 5 до 13 пати повеќе инвестиции од Македонија.

Ова за СДСМ се блескави резултати. Очигледно тотално се одлепиле од реалноста. Македонија единствено кај што може да биде на врвот во Европа е по криминалот и корупцијата кои ги осиромашуваат граѓаните, а ја богатат мафијата на власт. Односно единствено што расте во Македонија се криминалот и корупцијата на Заев.