Ова е момент кога новинарите мора да останат политички независни, порача Институтот за новинарство на Ројтерс
Согласно извештајот, во Европа кој е еден од најбезбедните континенти во светот според слободата на печатот, тројца новинари се убиени во изминативе три години
Извештајот нагласува дека во Европа, кој е еден од најбезбедните континенти во светот според слободата на печатот, тројца новинари се убиени во изминативе три години.
Извештајот, исто така, ги рангира балтичките земји како едни од најдобрите според слбодата на печатот.
„Во многу држави медиумите се доведени под директна или индиректна контрола на владите“, стои во извештајот, во кој се додава:
„Медиумската средина во овој регион ја карактеризира зголемена несигурност за работните места на новинарите, како и зголемена поларизација. Медиумите се етикетираат како провладини или против владите, а новинарите кои работат за нив се принудени да заземат страна“.
Во ваква клима, нотира извештајот, новинарите бараат солидарност и поддршка да продолжат со нивната работа, иако тоа не е секогаш случај.
Извештајот дава препораки како да се заштитат новинарите, но, и да се справат со менталниот притисок, повикувајќи ги медиумските професионални организации и асоцијации, дома и во странство, да ги адресираат факторите кои го нарушуваат независното новинарство.
Извештајот повикува многу медиумски организации да го преиспитаат нивниот однос со јавноста.
„Ова е момент кога новинарите мора да останат политички независни, но, со вредноста што ја нудат во општеството, да ја убедат јавноста да плати за добро новинарство“, се вели во извештајот.
Извор: VoA
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025