ЕкономијаСветот на работникот

Голема побарувачка за стоматолози: Оваа професија успеала да се најде на трето место на листата на најбарани професии

Стоматологијата е традиционално медицинска наука која „лесно“ се вклопува во модерните текови, бидејќи изворедно ги усвојува сите иновации од 21 век. Колку и да ни е важна како здравствена гранка, таа е популарна и меѓу младите.

Во последните неколку години владее огромна побарувачка за оваа струка, а според актуелните податоци, севкупното бработување во стоматологијата има тенденција за раст од 8 % од 2020 до 2030 година.

Притоа, минатото лето се зборувало за тоа дека на САД им недостасуваат стоматолози, така што хроничниот недостиг на работна сила е еден од предусловите за просперитетот на оваа професија.

Општо е познато дека добро е развиен и денталниот туризам, пред се во нашиот регион, бидејќи стоматолошките услуги на Запад се многу ценети и скапи. Поради тоа, секоја година, барем еднаш или двапати, луѓето од дијаспората доаѓаат тука на „ремонт“.

Потребно е да се спомене дека и приватната пракса е доста исплатлива, бидејќи и кај нас може добро да се наплати.

 

Zubi, usne, osmeh, zubar, stomatlog, nega, higijena usta, stomatološki pregled

Фото: Shutterstock

 

Telegraf Biznis. rs потсетува дека во морето на нови и атрактивни професии поврзани со ИТ, инженерство и дигитализацијата, стоматологијата успеала да се „пробие“ на 3 -то место меѓу најбараните професии.

Фото: Shutterstock