СветСветот на работникот

Оваа професија во Германија носи сигурност и висока плата: Заработката достигнува 6,400 евра

Непријавената работа во Германија годишно чини милиони евра. Царениците имаат задача да ја спречат непријавената работа и да ги заштитат работниците. Тоа е работа која носи низа на ризици, но и добра плата.

Германските медиуми пишуваат дека цареник специјализиран за финансиска контрола на непријавена работа се фокусира на прашања како тоа дали работници примаат законска минимална саатнина, дали фирмите се прописно регистрирани и дали се остварува законски надомест за социјалните давачки.

Заедно со своите колеги ги проверуваат објектите како ресторани, градилишта, киосци за брза храна и служби за доставување поради непријавена работа и нелегално вработување.

Колку заработува царинскиот службеник кој ја истражува непријавената работа?

Германските медиуми објавиле пример на платата на една цареничка која работи во борбата против работата на црно.

Основната плата, базирана на платното ниво А7, степен 2, изнесува 3,142 евра. Бидејќи се соочуваат со потенцијална опасност во текот на обавувањето на должноста на царинските службеници, примаат полициски додаток од 228 евра.

Со оглед на статусот на државен службеник, единствените одбитоци од бруто платата од 3,375 евра се данокот на доход и приватното здравствено осигурување. Останува нето месечен приход од 2,596 евра. Годишниот бруто приход изнесува 40,166 евра.

Многу добро платена работа

Платите на царинските службеници се регулирани со Сојузниот закон за плати и зависи од нивната кариера (средна, висока или највисока служба) и нивото на исксутво. Почетната бруто плата за новоквалификуваните службеници обично се движи од 2,960 евра (средна служба) до 3,350 евра (виша служба) месечно.

Да, царината е добро платена и многу сигурна работа. Како цареник сте државен службеник. Тоа значи да не плаќате придонеси за законско здравствено осигурување или осигурување во случај на невработеност, што резултира со значајно повисока нето плата во споредба со другите вработени.

Плата во текот на обука: Дури и како приправник примате приближно 1,473 евра месечно (средна служба) или приближно 1,744 евра месечно (виша служба/двојна студиска програма).

Почетна плата: Во средна служба почнувате со приближно 2,500 евра бруто, додека почетната плата во виша служба е од 2,900 до 3,300 евра бруто.

Можност за напредување во кариерата: Платите постојано се зголемуваат низ унапредувањата и нивоата на обука. Искусните државни службеници или раководители (на пример во виша служба) можат да заработат до 6,400 евра бруто месечно.

Непријавена работа во Германија

Околу 9,700 службеници работат во единицата за финансиска контрола на непријавена работа. Според податоците на Сојузното министерство за финансии, единицата минатата година прегледала повеќе од 25,000 работодавачи.

Покренати се четири пати повеќе кривични постапки. Само во секторот на ресторани и угоститлество забележани се повеќе од 13,000 управни прекршоци. Сомнежи за непријавена работа се појавиле и во бројни козметички и фризерски салони; речиси 15,787 лица биле испитани во врска со овие случаи, пишуваат германските медиуми.

Повеќе од 20,000 интервјуа довеле до голем број кривични постапки во секторите на отпрема, превоз и логистика. Според Германскиот економски институт, повеќе од три милиони луѓе во Германија секоја година извршуваат непријавена работа. Многумина тоа го прават од што се принудени.

Финансиско влијание

675 милиони евра – тоа е вкупната финансиска загуба која ја предизвикале 25,800 работодавачи прегледани во 2025 година.

Оваа бројка ги вклучува неплатените придонеси за социјално осигурување, затајување на даноци, неплатени минимални саатнини и слични финансиски загуби.

Според царинските власти, истрагите наводно донеле до затворски казни во вкупно траење од 1,200 години.

Извор: Telegraf.rs/Fenix de