Ова занимање и тип на личност имаат поголеми шанси да бидат изложени на согорување во однос на другите
Не морате да ја мразите вашата работа за да доживеете bunout (согорување). Преголемата грижа, исто така, може да биде штетна за вашето ментално здравје, рекла Канди Виенс, директорка на програмата за мастер студии по медицинско образование на Универзитетот во Пенсилванија.
За потребите на својата нова книга „Burnout Immunity“, Виенс интервјуирала стотици луѓе кои работат во опкружувања со висок стрес, вклучувајќи ги и вработените во болници, шефовите на полиција и финансиски раководители.
Открила дека луѓето со најголем ризик од согорување не се само оние со изискувачки работни задачи – тие искрено ја сакаат својата работа и рутински продолжуваат понатаму.
„Кога го сакате она што го работите и го сметате за повик, или ако сте водени од некоја цел и длабоко ви е грижа за влијанието на вашата работа врз другите, полесно е да се стане емоционално вложен и да се претера“, објаснила таа.
Иако идентификувањето на себеси низ работата не е нужно лошо, нѐ прави поранливи на согорување, ако поднесеме премногу лични жртви и престанеме да водиме грижа за себе, пишува CNBC Make It.
Истражувањата покажале дека опасноста е особено голема во професиите кои подразбираат пружање на „помош“ како што се здравствените работници, советници и социјалните работници кои често им даваат приоритет на потребите на другите и можат да се соочат со долги, непредвидливи работни часови.
Ранливоста на согорувањето постои и кај луѓето кои се страстни во својата работа и им даваат приоритет на потребите и целите на својот работодавач во однос на своите, забележала Виенс. Станува збор за наставници, активисти и сопственици на мали компании.
Грижата за себе може да помогне во спречувањето на согорувањето
Одлично е да се најде работа која ве возбудува, но тоа возбудување не би требало да ја надвладее вашата самопочит.
„Поставувањето и одржувањето на границите помеѓу работата и животот може да ви помогне да одвоите малку време за себе и да направите место за другите активности кои ви носат радост“, рекла Виенс.
Кога Виенес на почетокот на својата кариера почувствувала бавно согорување на работа, започнала со три правила: Нема повеќе работа за време на викенд, нема повеќе напорни патувања и нема согласување на секое барање со страв дека некого ќе разочара.
Рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот изгледа различно за секој. Неа можете да ја подобрите така што ќе ставите граници кои го чуваат вашето време, енергија, продуктивност и општа благосостојба.
„Можете да имате ‘не вознемирувај’ во својот календар, како и кратки паузи во текот на работниот ден, да преговарате да работите неколку дена во неделата од дома… што и да има смисла за вашата ситуација“, рекла таа.
Исто така можете да креирате и одржувате емоционални граници. Виенс предлага да одвоите некое време после работа – на пример, во текот патувањето до работа – да медитирате, слушате музика, му се јавите на некој кој го сакате или да се занимавате со други омилени активности, за да направите пауза помеѓу работата и личниот живот. Таквиот ритуал исто така може да ви помогне да ја обновите својата емоционална енергија по напорниот работен ден, додала таа.
Важно е да се запомни дека согорувањето е професионален феномен, барем според неговата официјална дефиниција. Можете да се грижите за себе, да пронајдете хобија и да се одјавите во разумно време, но на крајот, Виенс тврди дека товарот на намалување на согорувањето би требало да биде врз „работните места, а не врз луѓето“.
Извор: BIZLife.rs
Фото: Pixabay