МакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

ОГЛАСИТЕ ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО КОТРОЛА ЗА ЛЕТАЊЕ БИЛЕ ГРЕШКА!? Директорот Хамиди се надева дека најавениот штрајк ќе биде откажан

   Време за читање 1 минута

Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди се надева дека нема да се реализира штрајкот на контролорите на летање од 31 декември до втори јануари, што го најави Синдикатот на контролорите за да спречи нов бран партиски вработувања.

Во изјава за Сдк.мк Хамиди тврди дека дека не е точно оти распишал оглас за самостоен советник во одделение за човечки ресурси.

Сепак, на веб-страната на Агенцијата за вработување стојат два објавени огласи од М-НАВ, кои се со рок од само два дена од 14 до 16 и од 15 до 17 декември и тоа баш за „самостоен советник за кадровски прашања“ и за „воздухопловен навигатор“.

Директорот Хамиди вели дека тие огласи „сигурно се некоја грешка“ и дека ќе провери со Агенцијата затоа што адресата за е-пошта што е ставена за контакт е на госпоѓа која во 2016 заминала во пензија.

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ неодамна најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, кои според Синдикатот се спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.