- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Оглас за вработување Осигурување - Работник
73views

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување

Критериуми за аплицирање:

  • Искуство во продажба (ќе се смета за предност)
  • Искуство во комуникација со клиенти
  • Изразени комуникациски способности
  • Способност за тимска работа и организација на време
  • Познавање на работа во Microsoft Office
  • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи
  • Поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија.

Услови:

  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време – неделното работно време е 40 часа во Скопје.
  • Исплата на фиксна плата + варијабилен дел од остварена продажба
  • Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план;

Работните задолженија вклучуваат:

  • Активна комуникација со потенцијални клиенти
  • Организирање и водење на продажни разговори
  • Евиденција на реализирани продажби
  • Дневни и неделни средби на тимот каде припаѓа
  • Редовно подготвување на планови за работа, следење на работни резултати
  • Учество во подготовка на извештаи останати потребни акти кои се поврзани со работењето

Потребна документација:

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите со работна биографија (CV) може да ги испратат на емаил: kariera@cro.mk, со назнака: Пријава за вработување – Финансиски советник за Животно Осигурување, најдоцна до 03.12.2020 година.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, сè додека не ја контактирате компанијата за да ја повлечете вашата согласност.

Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на компанијата, ќе бидете повикани на разговор.

Advertisement
Advertisement