- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Оглас за вработување- Работник
175views

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Ревизор во Дирекција Внатрешна ревизија

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома во релевантна област (Ревизија, Сметководство, Финансии или еквивалентна област)
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна ревизија/надворешна ревизија/управување со ризици/банкарство/сметководство и финансии; Професионално искуство во внатрешна ревизија во банкарскиот сектор ќе се смета како предност
  • Одлично познавање на Деловните банкарски технологии и процеси, како и на законската регулатива и управувањето со ризици, релевантни за банкарскиот сектор
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи
  • Одлични аналитички способности и способност за писмено известување
  • Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office

Одговорност и задачи:

  • Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизија и интерните акти на Дирекцијата за внатрешна ревизија
  • Оцена на клучните ризици во работењето на Банката
  • Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката
  • Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со интерните акти на Дирекцијата за внатрешна ревизија
  • Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива и интерните акти на Банката
  • Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја
  • Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици
  • Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки
  • Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката и регулаторите

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје со Subject: “Оглас за Ревизор во Дирекција Внатрешна ревизија”, најдоцна до 15.01.2021 година.