Останато

Среќата на вработените е во постојан пад од 2020 година: Зошто вработените доживуваат „Голема тага“?

„Големиот отказ“ едно време беше горка тема бидејќи работниците масовно даваа откази. Тогаш се поставувало прашањето што работодавачите можат да направат да се осигураат нивните преостанати вработените да се чувствуваат ценето и ангажирано.

Сега „Големиот отказ“ недвосмислено е готов, дури и според професорот кој го исковал тој израз. Него го заменила „Големата тага“, на основа на извештајот на BambooHR кој отрил дека среќата на вработените е во континуиран пад од 2020 година.

Извршната директорка на компанијата „Delivering Happiness“, Џен Лим разгледувала начини преку кои менаџерите можат да се погрижат вработените да станат отпорни на овој широко распространет тренд.

„Зошто вработените се толку мрачни? Повеќе не поминуваат низ ‘растења и падови’, туку веќе преминале на ‘откажување и апатија’. Вистинскиот проблем со ангажирањето (продуктивноста) на вработените не е недостатокот на мотивација, туку раздвојувањето помеѓу вработените и организацијата“, пишува Лим.

Вработените не гледаат поента во работата

Неангажираните тимови годишно глобалната економија ја чинат 8,8 милијарди долари, рекла Лим, но постои и индивидуален трошок, пишува Fast Company.

„Работниците не чувствуваат дека нивната работа има поента. Не се во можност да ја видат усогласеноста со своите вредности или врската со она што им е најважно. Наместо да вложиме напор да сфатиме како изгледа исполнет живот, ние избираме да седиме во мирни води“, додала Лим.

Отворен дијалог и здраво работно опкружување

Што може да се направи за повторно да се ангажираат оние кои се чувствуваат изолирано или оние кои немаат психолошка сигурност на работното место?

Здрави работни опкружувања се оние во кои постои отворен дијалог, пишуваат професорката по лидерство Ејми Едмонсон и авторката на книгата „Radical Candor“, Ким Скот.

Создавањето на сигурно работно опкржување значи вистинско барање на повратни информации, како и пружање искрени и грижливи критики и пофалби.

Вистинското ангажирање на вработените изискува разбирање и чувство на поврзаност со мисијата на организацијата, тврди Лим.

„Помогнете му на својот тим да се чувствува повеќе поврзано со работата истакнувајќи ги нивните индивидуални придонеси кои се вклопуваат во мисијата на организацијата“, истакнала таа.

Извор: BIZLife

Фото: Pexels