ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Оглас за вработување во EOS Матрих

ЕОЅ Матрих е дел од EOS групацијата, успешен меѓународен лидер кој нуди специјализирани и индивидуални финансиски решенија со секојдневен напредок во работата благодарение на 7500-те вработени ширум светот. ЕОЅ Матрих работи за свет без долгови и нуди одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување, можност за професионален и личен развој.

ЕОЅ Матрих објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Офицер за корпоративно право

Профил:

  • Универзитетска диплома / мастер  – Правен факултет
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност
  • Искуство во област на корпоративно работење / човечки ресурси од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик на ниво на бизнис комуникација
  • Познавање  на MS Office апликации
  • Способност за тимска работа
  • Самоиницијативност, креативност
  • Професионалност, енергичност
  • Одлично познавање на областа на човечки ресурси
  • Познавање на стандарди ISO 20000 и ISO 27001
  • Познавање на GDPR регулатива
  • Познавање на AML регулатива

Одговорности:

  • Работи во правниот оддел на компанијата и директно одговара пред Раководителот на правен оддел
  • Имплементирање на поставените постапки и процедури, нудење на корпоративни решенија
  • Подготвува секаков вид на корпоративни акти(договори, правилници, одлуки и сл.,)
  • Континуирана соработка со останатите оддели во компанијата
  • Следи јавни набавки, подготвува тендерска документација и учество на тендери
  • Интерни правни, општи и статусни прашања
  • Коресподенција со и застапување на Компанијата пред   надлежни органи и институции  на професионален начин
  • Корпоративно работење во областа на човечки ресурси
  • Изработка на анализи и презентирање на резултати на јасен начин, по барање на менаџмент тимот
  • Континуирана соработка со останатите оддели во компанијата
  • Комуникација со клиенти, соработници и надлежни органи на позитивен и професионален начин
  • Постојана надградба на вашето знаење во областа

Придобивки:

  • Можност за работа со колеги од тимови во земјите каде EOЅ има претставништва
  • Пријателска, позитивна и здрава работна околина, фокусирана на развој на секој член од тимот
  • Работа во меѓународна компанија со високо ниво на корпоративна култура
  • Можности за постојано учење и надградување
  • Тим билдинг активности
  • Можности за хоризонтално и вертикално напредување во вашата кариера

Успешни заедно

Ако се пронајдовте во приказната,  ЕОЅ Матрих ве повикува да аплицирате на: mk-hr@eos-matrix.com со доставување на Ваша биографија најдоцна до 11.06.2021 година и и да се придружите на успешниот тим.

Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1 година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку.

*Согласноста за чување на биографија може да се повлече пред истек на наведениот рок од 1 година на маил: mk-dpo@eos-matrix.com

Доколку имате прашања можете да ги контактирате ЕОЅ Матрих на: +389 2 3200 400.