Пандемијата направи помалку Македонци да станат Германци
Време за читање помалку од минута
Минатата година помал број на странци добиле германски пасоши, вклучувајќи ги и македонските. Во 2020 со овој документ се стекнале 690 македонски граѓани (310 мажи и 380 жени).
Тоа претставува намалување од околу 19 проценти во споредба со 2019-тата, кога германски пасош добиле 850 граѓани од Северна Македонија (400 мажи и 450 жени). Тоа значи дека се помалку Македонци стануваат Германци, ако се знае дека во 2018 имало 940, а во 2017 година – 988 македонски граѓани.
Вкупно 109.900 странци добиле германски пасош минатата година, а најмногу тоа биле Турци, чиј број сепак паднал од 16.200 на 11.600.
Втори се Сиријците со 6.700 и овој број бил поголем отколку во 2019-тата (3.900).
Latest posts by Портал Работник (see all)
- Ампева: Кој ќе ги покрие дневниците на работниците од приватниот сектор? - 17/04/2024
- Негодување поради доцнењето на платите: Заменик министерот го критикува менаџментот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Трипуновски бара оставка од директорот и владина интеревенција - 17/04/2024
- Вработените во Македонски шуми го блокираа сообраќајот во Скопје, бараат неисплатени плати: Закани за радикализација на протестите – 1800 луѓе се наоѓаат во неизвесност - 17/04/2024