Огромна санта мраз се одвои од Антарктикот – големa e речиси колку Лас Вегас
Голема санта мраз се одвои од ледената покривка Брунт на Антарктикот, објави истражувачката организација British Antarctic Survey (BAS). Ледениот брег од 380 квадратни километри се откина во понеделникот, неколку недели откако се отвори пукнатина од 14 километри во мразот
Ова е трето вакво одвојување на огромно парче мраз од глечер или од ледена маса во регионот во последните четири години. На социјалната мрежа Х беше објавено дека сантата е со големина на Лас Вегас:
„Дел од ледениот брег се откина под агол од 90 степени од бездната наречена Пукнатина на Ноќта на вештерките“.
Научниците на BAS забележале нестабилност во областа пред повеќе од десет години, поради што британската истражувачка станица Halej во 2016 година била преместена 20 километри во внатрешноста.
Оливер Марш, истражувач на BAS, вели дека ваквото раздвојување на мразот се очекувало пред осум години и дека површината на ледената покривка е смалена на најмало можно ниво од почетокот на следењето.
Истражувачите на BAS велат дека овој настан не е поврзан со климатските промени. Научниците престојуваат во базата Halej од ноември до март, односно за време на летото на Антарктикот. Остатокот од годината тој регион се следи со помош на сателитски снимки.