Одговорност на работниците за штетата предизвикана кај работодавачот
Време за читање 1 минута
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Одговорност на работниците за штетата
Согласно членот 156 од Законот за работните односи се уредени прашањата за одговорноста на работниците во случај кога ќе му предизвикаат штета на работодавачот. Имено, работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност ќе му предизвика штета на работодавачот е должен истата да ја надомести.
Доколку штетата е предизвикана од повеќе работници, секој од нив е одговорен за штетата која ја предизвикал самиот. Во случај да не е можно да се утврди кој работник колкав дел од штетата предизвикал, сите работници се еднакво одговорни и ја надоместуваат штетата во еднакви делови.
ПОГРЕШНО е да се смета дека солидарната одгвоорност и надомест на штета може да се реализира САМО доколку не се знае кој од повеќето работници колкав удел има во штетата.
ПРАВИЛНО е да се смета дека, кога повеќе работници предизвикале штета со намерно казниво дејствие, за штетата и не се знае уделот на секој поединечно во штетата ќе одговараат солидарно.
ПОГРЕШНО Е исто така да се смета дека во трудовоите односи се одговара за нематеријална штета. Во работните односи се одговара само за материјална штета, додека доколку работодавачот смета дека има основа за нематеријална одговорност, истата може да ја бара во граѓанско-облиагацона парница!
Проф. д-р Лазар Јовевски
Latest posts by Портал Работник (see all)