Како да ја користите вештачката интелигенција, а да не ги загрозите односите со колегите
Кога експертот за кариера и работно опкружување Линдзи Полак се приклучила не неколку деловни Зум состаноци, забележала непознат учесник. Секој пат би ја дочекал некој од ВИ асистените за фаќање белешки – како Fathom, Otter или Granola.
Додавањето на ВИ ботови во повик без претходно прашање ја прави комуникацијата „роботска и чудна“, истакнува Полак за CNBC Make It.
„Се чувствувам како да сум под надзор или на полициско сослушување, а не на деловен состанок.“
Интеграцијата на новите технологии како вештачката интелигенција се’ почесто предизвикува несогласувања и микро – конфликти на работа. Социолозите и психолозите предупредуваат дека поголемиот дел од компаниите се’ уште немаат воспоставено бонтон за ВИ – правила за тоа кога е соодветно да се користат овие алатки, а кога тоа делува непристојно и непрофесионално.
Додека за едни делегирањето на пишувањето на мејлови на бот е корисен трик за заштеда на време, другите тоа го доживуваат како отсуство на почит.
Мрачната страна на делегирањето на „човечките“ задачи
Истражувањата покажуваат дека дури 37 % од вработените признаваат дека користат ВИ алатки за задачите кои изискуваат емоционална интелигенција, додека повеќе од третина користат ВИ за пишување и уредување на осетливи деловни пораки.
Меѓутоа, студиите на Универзитетот во Кент откриваат дека колегите исклучително негативно ги гледаат оние кои ја оутсорсингуваат меѓучовечката комуникација. Менаџерите кои користат ВИ за пишување на емотивни или осетливи мејлови се доживуваат како помалку автентнични и помалку доверливи.
Правилата на деловниот бонтон мораат да еволуираат заедно со технологијата. Експертите предлагаат четири клучни правила за да избегнете рушење на репутацијата во тимот:
1. Секогаш барајте дозвола пред да вклучите ВИ бот
Снимањето и транскрипцијата на состаноците станале секојдневие, но тоа не значи дека треба да се прескокне основната култура.
Секој повик би требал да почне со краток „човечки моментум“. Најдобра пракса е прво да ги поздравите соговорниците, а потоа да ги прашање: „Дали е во ред да го вклучам ВИ асистентот за белешки за во потполност да можам да се посветам на нашиот разговор?“
Избенуајте вклучување на ВИ ботот на креативни браинстроминг сесии, бидејќи свеноста дека секој збор се бележи често ги кочи луѓето отворено да споделуваат идеи.
2. Не делегирајте ги пораките кои изсикуваат емоции
Можеби делува безопасно да им се напише брз одговор на колегите со помош на ChatGPT, но ако согорниците се посомневаат дека наместо вие пишува алгоритам, ќе го доживеете тоа како врвна непристојност.
Најлоши пораки за делегирање на вештачката интелигенција се оние кои би требало да пренесат искреност, извинување или преземање на одговорнос (mea culpa). Ако веќе користите ВИ за помош при пишување, секогаш уредете го текстот, прилагодете го на вашиот тон и додајте личен печат за пораката да не звучи како генерички шаблон.
3. Не повикувајте се на „совети“ од ВИ пред шефот
Се’ повеќе луѓе бараат совети од четботовите за кариерата и платите. Меѓутоа, отворањето на преговори за зголемување на платата со реченицата: „Го прашав ChatGPT колкаво зголемување треба да барам…“ или аргументирање на ставовите со „Но Claude вели дека е подобро…“ создава лош впечаток.
Од перспектива на надредниот, ова делува како да не ги цените нивното искуство и стручност. Кога се подготвувате за важни разговори, консултирајте се со колегите од доверба или со менторот. Луѓе кои ве познаваат ќе ви дадат поискрен и пообјективен став од алгоритмот кој е програмиран да му угодува на корисникот.
4. Договорете јасни правила во канцеларијата
Вештачката интелигенција внесува огромна доза на неизвесност во деловните односи: Дали ова е искрен одговор на колегите или генерирана порака?
За да се избегнат погодувања, тимовите мораат јасно да ги дефинираат интерните правила. Доколку не сте сигурни дали употребата на ВИ алатки е соодветна за одредена задача, секогаш прво посоветувајте се со менаџерот. Неовластената употреба често се гледа не само како непрофесионална, туку и како неетичка.
Извор: BIZLife/K. J.

